hair-clinic-intervju-makedonski-portal

Trendovi u Lečenju Opadanja Kose

Социјалне мреже и инфлуенсери стварају велику конфузију код својих пратилаца у вези неге и лечења губитка косе. Кроз праксу уочавамо бројне последице тих неоснованих савета. Др Елена Арсова, у интервјуу за познати македонски портал црнобело.цом, објашњава које методе лечења губитка косе можете да примените и код куће, али и који су новитети код стандардног лечења. Такође даје савете шта треба да урадите уколико губите косу, као и које су методе ефикасне, а које су само тренд.

Кои третмани навистина делуваат, а кои се само тренд?

Косата отсекогаш била симбол на здравје, убавина и виталност. Во денешно време, во кое се става голем акцент на физичкиот изглед,  квалитетната и негувана коса доби функција на аксесоар. Затоа губењето на косата има длабоко емоционално влијание, како кај жените така и кај мажите. Интересот за третмани против опаѓање на косата и за раст на косата, не бил никогаш толку висок како сега.

Но, широката понуда на прозводи и бројните совети на социјалните мрежи, создаваат конфузија и тешкотија во изборот на ефикасен и адекватен третман. Кој третман или производ е навистина ефикасен? А кој е само тренд? Кому да се верува, на инфлуенсерите или на докторите? Дали личните искуства се вистинити или се скриен маркетинг? На сите овие прашање ќе ни одговри др Елена Арсова, трихолог и сопственик на клиниката Хаир Цлиниц Београд, во Белград.

1. Која е стандардна терапија за раст на косата? Кој е најефикасен лосион, по Ваше мислење?

Лосион Миноксидил со концентрација од 5% е стандарден лосион за раст на косата кој може да се примени кај речиси секоја форма на опаѓање на косата. Се применува уште од 70тите години што го прави еден од најстарите лекови за ќелавост.

Делува преку поттикнување на циркулацијата на крвта околу коренот на влакното и на тој начин го подржува растот на косата. Тој лосион треба да биде прв метод на иѕбор во третманот на косата, затоа што може да се користи и без наѕор од страна на доктор. Конвенционалната терапија никогаш не излегува од мода, затоа што е многукратно докажана.

2. Дали има нешто ново во третманот со миноксидил, после толку години примена?

Секако. Оралниот миноксидил е најголемиот тренд во последните неколку години, затоа што сега е достапен како капсула за раст на косата. Всушност, во минатото, миноксидилот во форма на капсули се користел за снижување на крвиот притисок, а докторите приметиле и подобрување на квалитетот на косата кај своите пациенти. Од таму, почнала да се раѕвива идејата за користење на миноксидилот и за раст на косата.

Меѓутоа, првата форма во која се применил миноксидилот била лосион. Во последните неколку години, научната заедница, ги дефинираше дозите на миноксидил кои можат да се користат за третман на косата, со минимални нус ефекти. Третманот со орален минксидил за брзо време стана голем хит зато што користењето е исклучиво лесно. Моите пациенти обожаваат да испијат капсула миноксидил наместо да аплицираат лосионот миноксидил на кожата на главата.

3. А, што мислите ѕа третманите за раст на косата? Често се споменуваат третманот со крвна плазма или мезотерапија за косата. Колку е ефективни?

Мезотерапија за раст на косата е еден третманите кои најчесто ги применувам, затоа што дава одлични резултати на косата. Мезотерапија значи ињектирање на различни типови на коктели со активни состојки во кожата на главата. Зависно од коктелот кој се ињектира може да постигнат различни ефекти на косата, од стопирање на опаѓањето на косата, стимулација на растот,  зајакнување на косата, регулација на машките полни хормони итн.

Мезотерапијата ќе остане секогаш атрактивен третман. Третманот со крвна плазма ја користи плазмата од самиот пациент која се добива после земањето на крв од истиот. Третманот со крвна плазма дава резултат кај одредени форми на опаѓање на косата па затоа треба да се одбере каде да се примени. Тој третман беше многу популарен, но сега е надминат од современи и поефикасни третмани.

4. Кои третмани по Ваше мислење имаат најголема ефикасност?

Третманот со мезонити и третманите со матични клетки доминираат со резултатите кои ги постигнуваат. Третманот со мезонити овозможува најдобар раст на нова коса што директно ја подобрува густината на косата. Мезонитите го воведуваат коренот на влакното во фаза на формирање на ново влакно. Зависно од стадиумот на опаѓање на косата, степенот на оштетување на коренот и здравствениот статус, третманот со мезонити може да ја врати изгубената коса од 50-100%.

Третманите со матични клетки спаѓаат во областа на регенеративната медицина, што значи дека ја поправаат функцијата на слабите и ошетени корени т.е ги регенерираат. Има два типа на третмани со матични клетки, едниот користи клетки од самиот пациент, а другиот тип човечки клетки од друго потекло. Правилно изведени третман со матични клетки даваат одлични резултати, но предуслов за тоа е матичните клетки да бидат од човечко потекло.

5. А, што се егзозоми? Преплавени сме со реклами за третмани со егзозоми за лице и коса?

Егзозоми се мали сигнални молекули, кои ги лачат нашите клетки и преку кои комуницираат. Егзозомите за раст на косата, даваат позитвни сигнали на коренот на влакното подобрувајќи ја неговата функција. Во третманот со матични клетки, всушност пренесувам човечки клетки кои лачат различни молекули меѓу кои и егзозоми и на тој начин делуваат на растоот на косата. Исто како и со матичните клетки и егзозомите делуваат најдобро ако се хумано потекло.

Моментално, пазарот е преплавен со бројни производи на баѕа на егзозоми од билно потекло, кои по мое мислење се неефикасни. И покрај актуелниот тренд за користење на егѕомомите , и сензационалистичките наслови за нив, сметам дека третманите со егзозомите се тренд кој ќе пројде за година или две.

6. Што мислите за влијанието на социјалните медиуми во формирањето на трендовите во лечењето на косата?

Социјалните медиуми се одлични медиуми за пренесување на совети и мислења. Меѓутоа, не сечиј совет или мислење е релевантно и корисно. Самодовербата со која нестручните особи на истаграм и тикток даваат медицински совети е многу опасна, затоа што истите не сносат никаква одговорност, ниту етичка ниту законска.

Личните искуства споделени на социјалните медиуми исто така се најчесто само лично искуство без докажан резултат или се скриена реклама. Затоа треба со резерва да се гледа на дел од информациите кои се пласираат на социјалните медиуми.

7. Што би ги советувале особите кои ја губат косата?

Најбитно е навреме да почнат со лечење на губитокот на косата. Примена само на лосионот миноксидил овозмОжува да се зачува косата. А, лосионот се наоѓа во слободна продажба и може да се користи без контрола од доктор. Постојат бројни производи кои се продаваат како „природен лек„ за косата, но истите ниту се природни ниту ефикасни. Разните масла за коса кои се актуелни сега, прават големи проблеми затоа што не се користат правилно.

Изборот на третмани кои се адекватни за вас, оставете го докторот трихолог или дерматолог. Ако не знаете кој доктор е најдобар, погледнете ги резултатите кај неговите пациенти или рецензиите. Не следете ги трендовите, туку одберете производи чија ефикасност е потврден, доктори кои се препознаени од научната заедница и третмани кои се базираат на научни студии.