ПДО ТРЕТМАН ( СКАЛП ТРЕДИНГ )

ПДО третман, е тип на дермална иглена терапија, дефинирана со инсерција на мезоконци во лезии кожата со цел пролонгирана терапевтска стимулација. Во последно време, ПДО третманот распространето се користи во козметички цели, како редуцирање на брчки на кожата , затегнување на кожата на лицето, преку механизмот на регенерација на сврзното ткиво.

ПДО  терапијата може да ја подобри анагената индукција на фоликулите на влакното и пролиферацијата на клетките во булбусот на фоликулот, што резултира со раст на косата и подобрување на дебелината на влакното.

Фоликулот на влакното минува низ циклични промени. Анагената фаза почнува со првата појава на нов фоликул во дермисот. Клетките од матриксот на влакното во анагена фаза, континуирано пролиферираат и се диференцираат за да го формираат стеблото на влакното. За да се отпочне анагената фаза, дермалната папила им сигнализира на мултипотентните епителијални матични клетки во протуберанцијата на фоликулот. Овие два типа на клетки континуирано комуницираат за да ја овозможат формацијата и елонгацијата на новата влакнена нишка.

Елонгацијата и зајакнувањето на влакното се случува само во анагената фаза. Следејќи ја катагената фаза која води до регресија на фоликулот, пролиферативната активност на клетките на матриксот се стопира, и се јавува смрт на фоликуларните кератиноцити. Во телогена фаза, сите активности на фоликулот сопираат, и темните пигментирани влакна се трансформираат во неактивни мртви или клуб влакна. На крај, клуб влакното се исфрла и ново влакно почнува да се појавува од фоликулот, сигнализирајќи го почетокот на нова анагена фаза.

Минијатуризацијата на косата, како карактеристика на андрогенетската алопеција, е асоцирана со скратување на анагената фаза на раст. Поради тоа, медикаменти кои ја продолжуваат анагената фаза можат да ја превенираат минијатуризацијата на косата и се добар кандидат за терапија за АГА.

ТЕТ ја зголемува цврстината и квалитетот на косата и го подбрува растот на косата преку промовирање на анагената индукција и пролиферација на клетките во булбусот на фоликулот. ТЕТ значајно ја подобрува експресијата на BrdU and PCNA, маркери на пролиферација на клетките во живо ткиво. ТЕТ има особено силен ефект на зголемување на нивото на PCNA во булбусот што сугерира дека ТЕТ ја подобрува клеточната делба во матриксот, и ја подбрува дебелината на влакното во анагена фаза.
Синтезата на влакнотот во анагена фаза е под влијание на бројни интеракции меѓу дермалната папила и фоликуларниот епител. Бројни фактори на раст и молекули се инволвирани со формирањето на влакното. Меѓу нив FGF-7 се покажа дека игра значајна улога во анагениот развој на фоликулот.
TET ја зголемува експресијата на FGF-7 во надворешната обвивка на коренот.

Како заклучок, скалп трединг ја продолжува анагената фаза на раст од циклусот на раст на влакното, овозможувајќи продолжено преживување на стеблото на влакното. Освен на одржување на растот и формирањето на влакното и подобрување на дебелината на влакното, ТЕТ исто така го спречува прераното влегување во фаза на опаѓање.
Интересно е, што една единствена апликација на ТЕТ резултира со раст на косата кој се споредува со долгорочна апликација на миноксидил. Со оглед на долгорочните и пролиферативни потенцијали, ТЕТ се смета за одличен нов терапевтски метод за пациенти со алопеција.

За 12 недели од ТЕТ третманот, сите пациенти покажуваат значително зголемување на бројот на влакна, потврдено со зголемување на густината на косата (40%-75%; просек од 57% подобрување) , број на влакна трихоскопски прегледан е исто така зголемен (48-93 фоликули/cm2; просек 67 фоликули/cm2).