MИКРО FUE ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСА

Операцијата за реставрација на коса се разви во високо софистицирана субспецијалност која дава значително олечнување на пациентите со губиток на косата. Резултатите од современата трансплантација на коса се природни, трајни и се изведуваат со високо ниво на сатисфакција од пациентите. Степенот на рафинираност се етаблира преку подобрено разбирање на билогијата и физиологијата на влакното како и преку инкорпорирањето на стандардните микрохируршки техники. Комбинирањето на големина на графтови, креирање на реципиентната регија, планирање на дистрибуцијата и густината на косата и селектирање на донорските графтови, се клучни елементи кои хирургот за трансплантација на косата ги користи за да уметнички ја сработи операцијата.

Нашата коса е формирана од групи на влакна кои содржат едно до пет влакна. Овие групи се нарекуваат фоликуларни единици. Кај личност со здрава коса, фоликулите во предниот дел на главата се обично во групи од едно или две влакна. Групи од три се гледаат кон задниот дел, а на тилот мозже да има групи од три, четири и пет влкана. Кај опаѓање на косата во фронт, ги губиме фоликуларните единици од едно и две влакна. Како што опаѓањето на косата прогредира, се губат и единиците со две до три влакна.

За да трансплантираната коса изгледа природно, неопходно е влакната да се имплантираат со дистрибуција идентична на изгубената коса. Од таа причина, графтовите ( трансплантираните сегменти кои ги содржи фоликуларните единици) не треба да содржат три, четири или пет влакна, туку едно или две , или максимално три влакна. За густи и природен изглед на трансплантираната коса, поединечни графтови се користат за предната линија. Позади неа се користат поединечни и двојни графтови. Како што се оди наназад се аплицираат двојни и тројни графтови.

Микро ФУЕ методата користи тенки игли ( со дијаметар од 0.6-0.8) и микромотор. Здравите фоликуларни единици од задниот дел на глава и од страните се таргетирани. Тие единици се вадат нежно една по една со помош на тие тенки игли поврзани за микромотор. Благодарение на графтовите со мал волумен екстрахирани со тенки игли, се постигнува природен изглед на трансплантираната коса со посакуваната густина. Со цел да ги инсерираат графтовите, хирурзите прават многу мали инцизии со остар инструмент и ги поставуваат графтовите во тие инцизии држејќи ги со многу фини инструменти.

Како резултат на микро ФУЕ методот, регенерацијата на кожата е многу брза ( графтовите регенериаат за 7 дена а донорската регија за 2 дена ), а финалниот резултат е високо естетски и природен.
Затоа што се постигнува многу природен изглед со микро ФУЕ техниката, резултатите се многу успешни не само кај трансплантација на коса, туку исто така кај брада, мустаќи, веѓи и трепавици, како и кај лузни.