КОЛАГЕН ИНДУЦИРАНА ТЕРАПИЈА ( КИТ )

Колаген индуцирана терапија или микронидлинг е минимално инвазивна дерматолошка процедура во текот на која многу фини иглички се аплицираат на кожата за да направат ситни пункции на ниво на површинскиот слој на епидермисот, стратум корнеум. Оваа терапија е наменета да индуцира продукција на колаген, продукција на фактори на раст неоваскуларизација на третираните зони. Се применува кај бројни дерматолошки состојби, вклучително и кај андрогенетска алопеција и алопеција ареата.
Влакнените фоликули се значајни не само за регенерација на косата туку и за заздравување на рани и на кожа. Епидермалните матични клетки кои се резидуални во влакнениот фоликул, обезбедуваат добар дел од повредената кожа. Заздравувањето на рани е одложено во недостаток на фоликули. Раните заздравуваат побрзо на кожа со фоликули во анагена фаза на раст отколку во катагена фаза.

Од друга страна пак, Ito и автори, објавила дека неогенезата на влакнените фоликули се случува de novo преку Wnt сигналните патишта после повреда на кожата. Бројни развојни патишта се повторуваат како при заздравување на рани така и при промена на фазите на циклусот на раст на фоликулите. Горенаведените наоди сугерираат дека процесот на заздравување на раните може да индуцира регенерација на фоликулите, што е дефинирано како процес на повторно влегување на фоликулот во анагена фаза.
Дермалната папила, е група на специјализирани фибробласти, кои го регулираат растот и активноста на различни клетки од фоликулот, последователно играјќи значајна улога во регулација на циклусот на раст и развој. Регенерацијата на фоликулот почнува кога сигнали од мезенхималните клетки на дермалната папила стигнуваат до мултипотентнте епидермални клетки во зоната на протуберанцијата.
Голем број на молекуларни сигнали се инволвирани во различни фази од нормалниот циклус на влакното. Транзицијата на телогени фоликули во анагени е асоцирана со активација на сигналните патишта Wnt/beta-catenin/Lef1, Sonic Hedgehog (Shh), и STAT3 и супримирање на сигнализацијата на bone morphogenetic протеин (BMP).
Микронидлинг стимулацијата сама по себе може да индуцира раст на коса преку Wnt/β-catenin сигналните патишта и VEGF ( васкуларен ендотелијален фактор на раст ) . Aктивацијата на Wnt/β-catenin сигналите е значајно не само за иницијација и одржување на морфогенезата на влакното туку и за регенерација на фоликулот и раст на стеблото на влакното.
Експресијата на VEGF е активирана после повреда на косажата и делува како медијатор за ангиогенеза и лимфангиогенеза во тек на репарација на рана. VEGF исто така е главен медијатор на растот на косата и цикличните промени преку подобрување на фоликуларната васкуларизација. Покаченото ниво на овој фактор на раст сугерира дека заздравувањето на раната се случува после микронидлинг ситмулација.
Бројни фактори на раст, простагландини, сигналните патишта sonic hedgehog и Wnt/β-catenin се смета дека се вклучени.
Клиничките студии покажуваат одлични резултати со сигнификантно подобрување на бројот на влакна после 12 недели за микронидлинг групата, дури од 91.4 и подобрување на густината на косата преку 50%. Согласно на клиничките студии, ние користиме соодветна должина на игличките и соодветен протокол на КИТ сесии за да постигнеме најдобар резултат за нашите пациенти.