DSD DE LUX TРЕТМАН

DSD de Luxe®, е комплетна линија на производи наменета за третман и подобрување на било која тип на проблем со косата. Комбинацијата од најдобрите состојки со докажана активност се консолидирани во повеќе од 50 уникатни формули кои се поделени во две дисциплини : трихологија и дерматологија. DSD de Luxe производите не само што се клинички докажани во својата ефикасност, туку исто така се потврдени од долгогодишното искуство на познати специјалисти како и корисници.
Класичната палета се состои од 5 линии на производи зависно од проблемот кој се третира.

1. Линија на производи за да се стопира губењето на косата и да се стимулира раст на истата. Сите производи содржат комплекс од стимулатори на растот на косата базирани на : екстракт од плацента, аденозин, кофеин, чили пепер, фитоестрогени, витамини и инозитол. Додаден е и екстракт од џуџеста палма, компонента која ја блокира активноста на дихидротестостеронот ( хормон кој го активира опаѓањето на косата )

Најновите состојки, како CEGABA и CAPIXYL, имаат докажана стимулативна активност, без нус ефекти и со голема толеранција. Лосионот содржи високи концентрации на плацента екстракт, комплекс од липо и хидросолубилни витамини, вазодилатаорни агенси и високо препознатливиот природен антиандроген, сабал екстракт.
CEGABA е нова стимулативна состојка за раст на косата ( дериват на гама-хидроксибутирична киселниа, природен метаболит со карактеристики на фактор за раст ). Во комбинација со сабал екстрактот, јаболкови матични клетки , антиоксиданси, витаминско-минерален комплекс, плацента и соја протеин и , Fresh Cells лосионот постигнува значителен раст на косата, дури и кај потешки форми на алопеција.

CAPIXYL ™ е комплекс кој содржи патентирани тетрапептиди ( ацетил тетрапептид-3, пептид со 4 амини киселини ) и екстракт од црвена детелина со висока концентрација на Биоканин А, кој ја зајакнува и задебелува косата. Содржината од салицилна киселина и резорцинол, обезбедува анти-себореичен, анти-инфламаторен и ексфолијантен ефект. Плацента и сабал екстрактот имаат директен стимулативен и антиандроген ефект. Хидролизираниот кератин во состав на лосионот ја подбрува структурата на косата, додава сјај и волумен на косата. Сите формули имаат вазодилататорен ефект. Присуството на кератин, колаген и пантенол дава сјај и свиленкаст изглед на косата.

2. Антисебореична линија

Активноста на овие производи се базира на себорегулатроните карактеристики и одличните својства на чистење на скалпот на фитокомплекисте базирани на : арника, екстралт од коњска опашка, жалфија, невен, рузмарин и жипка. Ментолот дава чувство на свежина, а овошните и салицилна киселина имаат нежен ефект на ексфолијација. Витаминско-минералниот комплекс, чили есктрактот и вазодилататорните компоненти го стимулираат растот на косата.

3.Линија против перут и себореја

Овие проиводи го контролираат перутот и мастењето благодарение на анти-инфламаторните, анти-фунгалните и прочистувачките ефекти на комплексите активни состојки како : пириктон оламин, климбазол, салицилна киселина, сулфур, висока концентрација на витамини и минерали и себорегулаторни компоненти. Даваат чувство на свежина и го намалуваат чешањето и воспалението. Целосно го елиминираат перутот и го намалуваат опаѓањето на косата.

4. Линија против опаѓање и за реструкутирање на косата

Производите од оваа група имаат двоен ефект : го стимулираат растот на косата и ја подобруваат нејзината структура. Содржат многу активен комплекс за стимулација на растот на косата базиран на : екстракт од плацента, матична млеч, вазодилататорни компоненти, инозитол, аденозин, кофеин, чили, фитоестрогени и витамини. Ја регенерираат оштетената коса пради содржината на колаген, кератин и пантенол.

5. Производи за репарација и заштита на структурата на косата

Дизајнирани да ја поправат структурата ба косата, и на ниво на кутикулата и на кортексот, оштететни од изложеноста на косата на факторите од околината, на физички и хемиски оштетувања, вклучително фарбање и сончање. Содржат висока концентрација на активни состојки како сфихолипиди, фосфолипиди, колаген, кератин, хидролизирана свила, матична млеч, алги и витамини. Производите хидрираат без да ја отежнуваат косата. Даваат сјај, еластичносѕ и волумен. Превенираат и елиминираат расцветување на врвовите.