ПРП ТРЕТМАН ( ПЛАЗМА БОГАТА СО ТРОМБОЦИТИ )

ПРП со својата автологна резерва од милиони фактори на раст делувајќи на повеќе нивоа претставува вистински „ еликсир “ за раст на косата и подобрување на целокупната состојба на косата.
ПРП е едноставен, рационален и практичен метод на третман со високо ниво на задоволство кај пациентите и може да се смета за вредна комплементарна опција на третман кај наследно опаѓање и други форми на нецикатрициелни алопеции.

Најинтересниот факт околу потеклото на косата е дека потекнува од процесот на соединување на ектодермалните структури, кои ја формираат фоликуларната единица и лојната жлезда, и мезодермалните структури кои се основа за мускулот еректор пили и масните клетки. Во зоната на протуберанцијата , се сретнуваат примитивните матични клетки од ектодермално потекло кои се место на експресија на бројни ECM протеини, меѓу кои и нефронектин со пет EGF-like повторувања.

Интеракциите меѓу овие два типа клетки ( од дермалната папила и зоната на протуберанција ) како и интеракцијата со факторите за раст (PDGF, TGF-β, и VEGF), ја активираат пролиферативната фаза на влакното, давајќи ја основата за идната фоликуларна единица. Реципрочните интеракции меѓу епидермалните матични клетки, клетките од дермалната папила и епидермалната базална мембрана се есенцијални за формирањето и одржувањето на влакнениот фоликул. Факторите на раст делуваат во зоната на протуберанција на фоликуот, каде се врзуваат за нивните соодветни рецептори лоцирани на матичните клетки.

ПРП содржи бројни фактори кои даваат сигнали на различни таргет матични клетки, да се регенерираат, што значи дека играат многу важна улога во механизмот на репарација на ткивото, подобрување на заздравувањето на ткивото и регенерација на различни нивоа. ПРП содржи повеќе од 20 фактори на раст, како фактор на раст со потекло од тромобоцитите (PDGF), васкуларен еднотелијален фактор на раст (VEGF), и трансформирачки фактор на раст (TGF-β1). Овие фактори ја регулираат миграцијата на клетките, пролиферацијата, ремоделирањето на екстрацелуларниот матрикс и ја промовираат ангиогенезата, создавајќи поволна средина за подобрено заздравување.

PDGF ја поттикнува и одржува анагената фаза од циклусот на раст. PDGF сигналите се инволвирани како во епидермис-фоликул интеракцијата така и во дермална мезенхимална интеракција потребна за формирање на каналот на влакното и раст на дермалниот мезенхим.

VEGF очигледно е главниот медијатор на раст на влакнениот фоликул и на влакнениот циклус, обезбедувајќи директен доказ дека подобрена реваскуларизација на фоликулот го поттикнува растот на косата. ПРП инјектирањето ја подобрува кожната исхемична сосотјба и ги зголемува раскуларните структури околу фоликулот.

IGF-1, продуциран од клетките на дермалната папила делува на IGF-1 рецепторот на кератиноцитите , промовирајќи го растот на косата преку стимулација на пролиферацијата на кератиноцитите во фоликулот и превенирајќи го да влезе во катагена фаза,

Basic fibroblast фактор на раст (b FGF) ја поттикнва пролиферацијата на клетките од папилата и поради тоа делува на елонгација на стеблото на влакното.

Активацијата на матичните клетки е циклична и ја инволвира периодично β-catenin активноста.
Активираната ПРП исто така ги зголемува нивоата на анти-апоптотичниот протеин Bcl-2, и последователно превенирајќи ја апоптозата. Придонесува на формирање на влакнениот епител и на диференцијација на матичните клетки во фоликуларни клетки, преку стимулирање на сигналниот пат β-catenin и ја пролонгира анагената фаза од циклусот на раст преку засилена експресија на fibroblast факторот на раст-7.

ПРП со нејзините фактори на раст делува на различни нивоа на фоликулот. Не само што делува на стимулација на фоликулот, неоваскуларизација , формирање на нов фоликул и зајакнување на влакното туку исто така делува на редуцирање на губитокот на косата, продолжување на фазата на раст и враќање наназад на процесот на минијатуризација. Како резултат на бројните фактори на раст, ПРП обезбедува комплетна регенерација и рејувенација на влакното и делува како „еликсир“ за раст на косата.

Alves и Grimalt студиите покажуваат сигнификантна азлика 6 месеци после првиот ПРП третман, со зголемување на средниот број на анагени влакна
(67.6 ± 13.1), густина на коса (179.9 ± 62.7), и густина на терминални влакна (165.8 ± 56.8) споредени со почетната состојба; а споредено со контролната група , најзначајно е зголемувањето во густината на косата.
Kang и автори известуваа одлично подобрување после 3 месеци од третманот, со зголемување на бројот на влакна 20.5% ± 17%, и зголемување на дебелината на влакната за 31.3% ± 30.1%.

Повеќе од 1 милион/µL концентрација на тромбоцити ( околу 4-7 пати поголема од средните нивоа) е терапевтски ефективна концентрација. Во нашата клиника го користиме RegenLab ПРП системот кој обезбедува концентрација од 1.1милион/μl за максимална ефикасност во растот на косата.

ПРП е безбедна и алтернативна метода за третман и на телоген ефлувиум, алопеција ареата како и на цикатрициелни алопеции, повторувачка алопеција ареата и тракциона алопеција.