ВИДЕОДЕРМОСКОПИЈА НА КОСА И СКАЛП

Губењето на косата е најчест проблем и брза дијагноза на формата на алопеција може некогаш да биде вистински предизвик. Методите кои вообичаено се користат за да преглед може да бидат инвазивни ( биопсија ), семи инвазивни ( трихограм ) или неинвазивни ( броење на влакна, мерење на опаднатата коса и тест на влечење. Видеодермоскопија на коса и скалп или трихоскопија претставува вредна, неинвазивна техника за евалуација на пациентите со губиток на коса, која овозможува зголемена визуелизација на косата и кожата на скалпот ( од 60 до 1000 пати ). Особено, трихоскопијата ја олеснува дијагнозата на андрогенетска алопеција, алопеција ареата, телоген ефлувиум, трихотиломанија, конгенитална триангуларна алопеција, цикатрициелни алопеции, габични инфекции и промени на стеблото на влакното.

Трихоскопијата ( дермоскопија на коса и скалп ) обезбедува идентификација на болестите на коса и скалп базирано на анализа на трихоскопските структури и обрасци. Структурите кои можат да бидат визуелизирани со трихоскопија ги вклучуваат стеблото на влакното, порите на влакното, перифоликуларниот епидермис и микроваскуларизацијата на кожата.

Видеодермоскопите се неконтактни дермоскопи и обично имаат три модалитети на работа, бела светлина, ултравиолетова ( УВ ) и поларизирана светлина ( ПЛ ). Трихоскопските обсервации може генерално да се класифицираат како знаци на косата, васкуларни обрасци, пигментни обрасци и интерфоликуларно обрасци.
Видеодермоскопите дополнително, обезбедуваат подобра консултација и преглед затоа што докторот и пациентот можат да ги гледаат видеографичките слики симултано и исто така да може да се снимаат селектираните слики за да може да се споредуваат во тек на следните контроли.

Aram huvis видеодермоскопот кој го користиме во нашата клиника содржи специјализиран софтвер кој овозможува евалуација на стадиумот на опаѓање на косата, калкулација на густината на косата и бројот на влакна, мерење на дебелината на влакното и автоматска анализа на степенот на губиток на косата. Нивото на кератинизација, сензитивноста на скалпот и состојбата на порите исто така може да се прегледа , што пак ја дефинира состојбата на кожата на скалпот.
Дополнително, можеме да ги следиме резултатите од стимулација на растот на косата, подобрувањето на дебелината на влакното и квалитетот на косата како и намалувањето на воспалението и сензитивноста на скалпот.