Др Елена Арсова

Др Елена Арсова, е специјалист-трихолог и генерален извршен директор на Hair Clinic Balkan со работно искуство од 12 години во област на трихологија и менаџмент.
Др Елена Арсова ја основа Hair Clinic Balkan, со цел да стане лидер на Балканот во областа на третмани на коса и естетска хирургија на коса. Врз основа на своето знаење, искуство и континуирана едукација, др Елена имплементира нови методи за третман на коса, ги унапреди дијагностичките методи и постави нови медицински протоколи на третманите.

Членството во European Hair Research Society, е од непроценлива вредност за континуирана едукација и отворање на хоризонтите за нови можности за третмани на коса од кои пациентите би имале бенефит. Директниот пристап до истражувачки студии за косата и третманите на коса, како и размената на искуства со докторите истражувачи од тоа друштво, овозможува методите кои ги одбира и применува во Hair Clinic Balkan да се најсовремени и докажани во својата ефикасност, а протоколите се секогаш “up to date” со новитетите во областа на коса.
Соработката со Ukrainian Hair Research Society, Institute of Trichologists во Лондон и World Trichology Society во Њу Јорк, е многу значајна поради следењето на трендовите во тие региони, затоа што често европскиот и американскиот пристап во третманите се разликува во приоритетите.

Долгогодишната работа и незаменлива едукација со пластичниот хирург др Озге Ергун во Истанбул, овозможи директно изучување со комплетната постапка на трансплантација на коса, брада и веѓи како и следење на трендовите во микрохирургија на коса.
Освен теоретско знаење, преку овие соработки, практичната работа со пациенти во период од 12 години е исклучиво значајна, не само поради стекнатото искуство во имплементација на разни дијагностички и терапевтски методи, туку и поради разбирање на пациентот на психолошко и емотивно ниво и разбирање на потребите и желбите на пациентот.

Дополнително на работата како трихолог, контунуираната работа во менаџментот е незаменливо искуство и знаење за да се постават одлични принципи за непречено функционирање на тимот и фирмата и да се изберат извонредни медицински професионалци. Од 2006 до 2011, др Арсова беше медицински менаџер на Dr VAIS , а од 2012 до 2019 беше медицински менаџер на 101 Hair Care во Скопје.

HAIR CLINIC Balkan, е сублимација на знаењето и искуството од областа на трихологија и менаџмент со цел на пациентите на им обезбеди најдобри дијагностички, нехируршки и хируршки третмани за коса кои се моментално на располагање во светот, да обезбеди извонреден медицински тим и етаблиран систем за пружање на тие услуги.

Ние сме тоа што постојано повторно го правиме. Поради тоа, извонредноста не е акт, туку навика.

Др Милена Станојевич

Др Милена Станојевич, е специјалист по трихологија, посветена на усовршување во дијагностиката и третманите за коса.

Континуираната едукација за дермоскопска дијагностика со Aram Huvis видеодермоскопот, и овозможи брзо да постави дијагноза и да одреди стадиум и степен на губење на косата. Точна дијагноза е неопходна за понатамошен успешен третман.

Нејзината едукација со Regen Lab и др Озге Ергун продолжува со апликација на ПРП кај косата, но повторно протоколите на работа се унапредени и дополнети со други терапевтски методи. Освен кај различни видови на опаѓање на косата, согласно на новите знаења, нашата клиника воведува ПРП и кај трансплантација на коса.

Со тренинзите од областа на ЛЛЛТ, др Милена ги проучи не само механизмите на делување на нискоенергетската ласерска терапија на ниво на фоликулот на влакното, туку и параметрите на ласерска енергија кои треба да се применат кај опаѓање на коса за да се постигнат резултати.
Едукацијата за примена на карбокситерапија со иноваторот на оваа метода Др Roberto Parmigiani, и помогна на др Милена да ги усоврши третманите на коса. Со знаењето кое го стекна, таа ги upgrade-ира третманите за коса додавајќи ја карбокситерапијата во протоколите и со тоа го решава проблемот со слабата циркулација на крв кај опаѓање на косата.

Др Милена, ја промовира и разви микронидлинг мезотерапијата кај третмани на коса, со нови модерни протоколи. За прв пат овој тип на мезотерапија во областа на коса, почна да ја применува токму др Милена и посвети многу време за да ги едуцира пациентите за бенефитите од овој третман.

Најсовремениот метод за стимулација на растот на коса е скалп трединг, а др Милена веќе се усовршува со еден од најдобрите едукатори за мезоконци, др Неџат Кан. Воведувањето на оваа метода, ќе го револуцинизира пристапот во лечење на опаѓањето на косата, а др Милена ќе го доближи овој нов метод до пациентите.

Искуството и знаењето кое го има др Станојевич, овозможи пациентите брзо и лесно да стекнат доверба, да имаат одлична соработка и на крај резултати како што очекувале. Пристапот со пациените и е професионален и коректен, и после прегледот секогаш одбира третмани од кои пациентот ќе има најголем бенефит.

Со нејзината работа , како со клиничките така и со ПР активностите, допринесе во развојот и популаризацијата на трихологијата. Со својата љубов и посветеност на пациентите и својата работа, успеа да ги промени ставовите на пациентите околу опаѓањето на косата и да го подигне нивото на свесност за проблемите со коса. Ги едуцираше пациентите дека треба да дојдат на преглед на коса, дека опаѓањето може успешно да се третира, дека новите методи на третман овозможуваат резултати кои порно не биле возможни. Нејзината работа и допринос во развојот на трихологијата во Србија е непроценлив.

Др Милош Станојевич

Андријана Апостолович, медицински трихо-терапевт

Андријана Апостолович, е медицинска сестра и трихо-терапевт со искуство од преку 5 години во областа на трихологијата.
Тренинзите за примена на ултразвучна терапија, висока фреквенца, терапија со кислород, саунирање итн. и дадоа основа да одбере најадекватен тртеман за пациентот согласно на неговата состојба на скалпот.

Не само што ги усоврши протоколите за третман на масна коса и перут туку и базирано на своето искуство, сама креира нови протоколи за третман на перут, мастење и за суво кршливо влакно.

Мед.сестра Андријана во тек од 5 години работно искуство во трихологија ги научи составот и применаа на разни козметички производи за коса, почнувајќи од производи за нега на коса, преку производи за зајакнување на влакното па до производи за седа коса. Работата со органска козметика и медицинска козметика, и овозможија искуство да може да ги советува пациентите што најмногу им одговара на нивната коса.
Тренинзите и едукацијата од областа на трансплантација на коса, се основа за правилна постоперативна нега на пациентите после трансплантација. Постоперативните протоколи не само што успешно ги примени туку и ги адаптира согласно на состојбата на скалпот на пациентот и со тоа овозможува иделана нега зависно од моменталната состојба. Како резултат на нејзината грижа, пациентот брзо се рехабилитира и кожата заздравува брзо, а растот на новата коса започнува порано.

Разбирањето на пациентот на психолошко и емоционално ниво, мед.терапевт Андријана го искористи за да создаде комфорна и релаксирана атмосфера за пациентот во текот на третманот и да обезбеди пациентот да се чувствува сигурно и комотно на клиниката. Своето знаење и искуство го користи за да посветено и стрпливо ги даде сите детални информации кои пациентите ги бараат. На тој начин, овозможи пациентот да стекне доверба не само во докторите-трихолози туку и во целиот тим и целокупното функционирање на клиниката, од телефонска консултација, преку преглед па до третман.