Нашата Мисија

Перцепцијата на губење на косата може да биде асоцирана со психолошки стрес и намален квалитет на живот. Меѓутоа, многу луѓе не го препознаваат губењето на косата додека истото не е дијагностицирано во трихолошка клиника, што понекогаш е прекасно за оптимални резултати од третманите за коса.

Нашиот специјализиран медицински тим ги фокусира своите активности, преку социјални медиуми, ТВ и пишани медиуми, да ги едуцира пацинетите во препознавање на првите знаци на губење на косата и да го диференцираат нормалното од патолошкото губење на косата. Навремената дијагноза на губењето на косата, ја обезбедува можноста за комплетна регенерација на косата со примена на ефикасни методи.
Нашата мисија иницијално е да го промениме ставот околу губењето на косата. Нема потреба за срам затоа што ја губите косата и нема потреба да сакате да изгледате и да се чувствувате подобро. Како што познатите личности почнаа отворено да зборуваат за нивниот проблем со косата, и како што и ние информираме дека инциденцата на губење на косата е многу висока и секој може да доживее опаѓање на косата, јавното мислење почна постепено да се менува. Нашето запазување е дека се повеќе мажи и жени бараат трихолошки преглед на косата во нашата клиника, затоа што разбираат дека не се единствени со губиток на коса и сфаќаат дека треба да побараат решение за проблемот. Враѓањето на изгубената коса, значи враќање на самодовербата и подобрување на квалитетот на живот.

Уште повеќе, нашата цел е да ги информираме пациентите дека не само што постојат решенија за раст на косата туку тие континуирано напредуваат, а ние ги следиме трендовите. Посветено им ги презентираме на пациентите новите методи за раст на косата, механизамот на нивно делување и начинот на кој тие методи делуваат на враќањето на косата. Методите на раст на коса кои ние ги користиме се клинички и научно докажани во својата ефикасност, со прецизни нумерички податоци. Освен прогресот во клиничките третамени, и трансплантацијата на коса достигна нови нивоа како резултат на унапредување на ФУЕ методот и хируршките техники. Преку детално информирање на пациентите за новитетите во трансплантацијата на коса, ја променивме перцепцијата за операцијата на коса и покажавме дека новите методи овозможуваат комплетно природен изглед на трансплантираната коса.

Меѓутоа, нашата цел, не е само да им обезбедиме резултати во растот на косата на нашите пациенти и да вратите првобитната густина на косата. Ние исто така ги едуцираме нашите пациенти правилно да ја негуваат косата и да продолжат правилно да ја третираат својата коса. Нашите совети помагаат да го одржат и понатаму здравјето и убавината на својата коса.