НИЕ РАЗБИРАМЕ! НИЕ ЗНЕМЕ! НИЕ ПОМАГАМЕ!

Косата игра многу значајна улога во идентификацијата на личноста и делува како аксесоар, референца на убавина. Волуминозна коса според тоа значи здравје и младост, а губење на косата може негативно да влијане на психосоцијалниот статус и квалитет на живот.

НИЕ РАЗБИРАМЕ

Само неколку дерматолошки проблеми имаат толку суптилно емоционално влијание на повеќе нивоа како губењето на косата, како кај мажите така и кај жените. Згора на загриженоста на пациентот се и претходни фрустрирачки искуства со доктори кои имаат тенденција да ги тривијализираат или игнорираат поплаките на пациентот за губење на коса. Ние разбираме дека доаѓате кај нас затоа што имате проблем. Ние го разбираме пациентот на емоционално ниво, ние го разбираме импактот на губењето на косата на самодовербата и ние ја разбираме во срж патофизиологијата на опаѓањето на косата. Нашите доктори-трихолози имаат огромно искуство со пациенти со губење на косата, со дијагностика на губењето на коса и планирањето на третманот за секој пациенти индивидуално.

Како и со било кој медицински проблем, пациентот кој се жали на опаѓање на косата, бара сеопфатна медицинска историја, физички преглед на косата и скалпот и адекватна лабораториска евалуација за да се идентификува причината. Докторот исто така располага со дијагностички техники кои му овозможувааат класификација на проблемот дали во опаѓање или истенчување како и документација на вистинска или перцепирана патологија.

Трихоскопијата ( дермоскопија на коса и скалп ) обезбедува идентификација на болестите на коса и скалп базирано на анализа на трихоскопските структури и обрасци. Структурите кои можат да бидат визуелизирани со трихоскопија ги вклучуваат стеблото на влакното, порите на влакното, перифоликуларниот епидермис и микроваскуларизацијата на кожата.

Aram huvis видеодермоскопот кој го користиме во нашата клиника содржи специјализиран софтвер кој овозможува евалуација на стадиумот на опаѓање на косата, калкулација на густината на косата и бројот на влакна, мерење на дебелината на влакното и автоматска анализа на степенот на губиток на косата. Нивото на кератинизација, сензитивноста на скалпот и состојбата на порите исто така може да се прегледа , што пак ја дефинира состојбата на кожата на скалпот.

НИЕ ЗНАЕМЕ

Со познавањето на матичните клетки, откриени се многу механизми кои водат до регенерација на ткивото. Регенерацијата на косата стана таргет на технологиите на матични клетки со цел да се реставрира косата.
Матичните клетки на влакнениот фоликули се лоцирани во зоната на протуберанција и се во интеракција со мезенхималните матични клетки лоцирани во дермалната папила. Оваа размена на сигнали ја промовира активноста на некои клеточни патишта кои се есенцијални за растот, функцијата и преживувањето на клетките од дермалната папила, како активацијата на Wnt сигналниот пат. Други сигнали, како тие од ендотелијалните клетки лоцирани во дермалната папила се исто така есенцијални за одржување на фоликулот. Дисфункција на ендотелијалните клетки која ја оштетува соодветната достава на крв може да го лимитира или инхибира растот на влакното.

Се покажа дека протеини кои припаѓаат на суперфамилијата на transforming growth factor (TGF) фамилијата, како bone morphogenetic proteins (BMPs), исто така даваат сигнали за да се одржи капацитетот на клетките на дермалната папила и да индуцираат раст на влакнениот фоликул. Овие BMP може да се ослободат од страна на неколку клетки кои го формираат фоликулот, вклучително и ендотелијалните клетки. Заедно, крвната мрежа на дермалната папила и клетките од дермалната папила оркестрираат адекватна микросредина за раст и преживување на влакнениот фоликул.

Дополнително, BMP6 и fibroblast growth factor 18 (FGF18) од зоната на протуберанција имаат инхибиторен ефект на пролиферацијата на клетките од фоликулот. Дихидротестостерон (ДХТ) исто така го инхибира растот.

Во поново време, се откри дека матичните клетки ослободуваат фактори на раст кои го промовираат растот на косата. Некои од тие фактори, какоepidermal growth factor (EGF), basic fibroblast growth factor, hepatocyte growth factor (HGF) и HGF activator, VEGF, insulin-like growth factor (IGF), TGF-β, и platelet-derived growth factor (PDGF), даваат сигнали кои го поттикнуваат растот на косата.

НИЕ ПОМАГАМЕ

Се покажа дека Wnt/β-catenin сигнализацијата е есенцијална за растот и одржувањето на клетките на дермалната папила. Поради тоа, засилување на Wnt сигнализацијата во дермалната папила очигледно е еден од главните фактори кои промовираат раст на косата преку колаген индуцираната терапија.

ПРП содржи повеќе од 20 фактори на раст како PDGFs (PDGFaa, PDGFbb, PDG-Fab), TGF-β1, TGF-β2, EGF, VEGF, и FGF, кои промовираат пролиферација на клетките во дермалната папила што последователно значи раст на коса.

Скалп трединг ја пролонгира анагената фаза на раст, што обезбедува подолго преживување на влакното. Освен одржување на формацијата на влакно, исто така делува и на подобрување на дебелината на влакното. Истовремено, превенира рано влегување во телогена фаза на раст.

Ласерската терапија го промовира растот на косата преку поттикнување на циркулацијата на крвта. Ова ја поттикнува пролиферацијата и миграцијата на ендотелијалните клетки поради влијанието на васкуларниот ендотелијален фактор на раст и синтетазата на ендотелијалниот азотен оксид. Дополнително, ласерската енергија сама по себе го стимулира метаболизмот кај катагените и телогените фоликули, резултирајќи со продукција на анагено влакно.

Скалп трединг ја пролонгира анагената фаза на раст, што обезбедува подолго преживување на влакното. Освен одржување на формацијата на влакно, исто така делува и на подобрување на дебелината на влакното. Истовремено, превенира рано влегување во телогена фаза на раст.

Некои природни состојки имаат докажан ефект на намалување на опаѓањето на косата и на стимулација на растот на косата. Состојките во DSD de Luxe производите како екстракт од џуџеста палма, алфатридиол, зелен чај имаат капацитет да ја инхибираат активноста на 5-алфа редуктаза ензимот и да ја болкираат продукцијата на ДХТ. Матичните клетки од јаболко, капиксил и други природни состојки исто така стимулираат раст.

Хемиските компоненти како миноксидил го поттикнуваат растот на косата преку подбрување на циркулацијата на крвта и PGE2 продукција. Дутастерид и Финастерид ја инхибираат 5-алфа редуктазата и ја блокираат конверзијата на тестостерон во дихидротестостерон.